Како се храни Меси? Тој особено избегнува одредени намирници

Легендарниот фудбалер Лионел Меси со години работи со италијанскиот нутриционист Џилијан Позер за да остане во форма и да го одржува своето здравје.

Нутриционистот му дизајнираше диета која ги вклучува сите потребни квалитетни намирници. Имено, исхраната на Меси содржи маслиново масло, свежо овошје и зеленчук, семки, јаткасти плодови и цели зрна. Добар дел од неговата исхрана се состои од сирова храна која му дава енергија.

“Шеќерот е најлошата работа за мускулите. Колку повеќе се држите настрана од шеќерот, толку подобро. Рафинираното брашно е исто така голем проблем бидејќи тешко е да се најде квалитетна пченица во денешно време”, изјави Посер за Мундо Дерпотиво.

Меси избегнува вештачки засладувачи, преработени јаглехидрати, пржена храна и алкохол. За да ја обезбеди потребната дневна количина на протеини, тој консумира до три протеински напитоци.

Омилено јадење на Меси е пилешкото со коренест зеленчук, кој вклучува моркови, целер, магдонос, ротквица итн. Ова јадење е полно со хранливи материи, односно протеини, витамини и здрави јаглехидрати.

Посните протеини како пилешкото се одличен начин да внесете доволно аминокиселини во вашето тело, кои помагаат да се изгради мускулното ткиво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e