Како правилно да го конзумирате путерот од кикиритки?

Не само што е многу вкусен, туку е и вистинска ризница на состојки кои го чуваат човековото здравје.

Путерот од кикирики е незаобиколен дел од американската традиција и кујна, но на нашите простори ретко се користи. Неговата популарност сè повеќе расте, а главната причина за тоа лежи во неговите состојки кои се исклучително хранливи и добри за целиот организам.

Нутритивни вредности на путерот од кикирики

Путерот од кикирики е енергетски високовредна намирница, но тоа не значи дека не треба да се најде во вашата исхрана. Како што наведовме и претходно, во него се наоѓаат многу хранливи материи како витаминот Е кој е моќен антиоксидант и витаминот Б6 кој служи за зајакнување на имунитетот.

Покрај витамини, путерот од кикирики содржи и магнезиум и калиум кои се неизбежни за здравјето на мускулите и коските. Без оглед на бројот на калории во него, путерот од кикирики содржи и голем удел на влакна и протеини поради кои ќе се чувствувате сити подолго време, а тоа ќе ви помогне да ослабнете, поточно да спречите прејадување.

Како да го консумирате?

Здравиот појадок е најважниот оброк во денот, а овој појадок ќе ви помогне во изградба на силен имунитет.

Потребни ви се 1 лажичка путер од кикирики, 100 гр. овесни снегулки, 1 и пол лажичка чиа семе, 200 мл. овесно млеко и половина лажичка какао во прав. Помешајте ги сите состојки освен путерот од кикирики и ставете ги во сад. Оставете ги да отстојат преку ноќ во фрижидер, а следното утро додајте го путерот од кикирики.

По желба можете да додадете и суво или свежо овошје по избор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e