Топлото време го отежнува спиењето, а со тоа и вашиот организам е пореметен поради недоволно квалитетен сон.
Доволно е само да применувате неколку трикови и ќе дојдете до вашиот долго очекуван сон.
-Пијте многу вода, за да го одржувате телото хидрирано
-Проветрувајте ја собата
-Чувајте ја собата со спуштени ролетни, но со отворени прозорци во текот на денот. Така, нема да се има акумулирано многу надворешна топлина преку светлината, а сепак ќе струи воздухот.
-Пред спиење истуширајте се со млака вода, а нозете оставете ги 10-тина минути во ладна вода
-Одбегнувајте вежбање пред да спиете, но исто така и зачинети јадења, чоколади или напитоци со кофеин
-Спијте само со лесна постелнина и лесни пижами или ноќници