Зачините не се само подобрувачи на вкусот на храната туку и го подобруваат и вашето општо здравје.
Еве неколку зачини за подобро здравје:
Цимет
Кога имате желба за благо, наместо да изедете десерт, направете чај или додадете цимет во вашето кафе. Иако циметот не е благ, тој ја регулира потребата за шеќер во телото. Можете да го додавате и во овесната каша, во кефир, во лимонада…
Бибер
Овој зачин го има во секоја кујна и освен што го користите при готвење, можете да го додадете исто така во чај или во какао. Тој ќе го заштити вашето тело од слободните радикали, кои се тесно поврзани со развојот на рак.
Лук
Освен што ја прави храната вкусна и ѝ дава медитерански шмек, го намалува и холестеролот и ја подобрува еластичноста на крвните садови.
Ѓумбир
Ѓумбирот е ваш верен сојузник при дигестивни тегоби, мигрени, како и против мачнини. Направете чај од ѓумбир и додадете малку сок од лимон, веднаш ќе се чувствувате подобро.
Куркума
Куркумата важи за еден од најсилните природни антибиотици, а освен што го штити целото тело од зарази, помага и кожата и косата да изгледаат поздраво и поблескаво.
Мелена сува пиперка
Антиоксидансите кои ги има во пиперката кога е свежа остануваат во неа и во процесот на сушење, а се поврзани со зачувување на видот.