Поради пандемијата предизвикана од COVID-19, можно е да чувствувате поголем стрес од порано, дури иако не сте свесни за тоа. Овој стрес може да влијае и на вашето физичко здравје.
Стресот може да влијае на менструалниот циклус – на нередовни менструации и други нуспојави. Секако, промените може да бидат и поинакви- да имате болки и промени во интензитетот на крварење.
Докторката Сара Толер, лекарка и авторка на апликацијата за женско здравје Clue даде интервју за Insider во кое објаснува дека прекумерното ослободување на кортизол, хормонот на стрес може да го поремети нормалното ниво на репродуктивни хормони што доведува до абнормална овулација којашто влијае на менструалниот циклус.
„Треба да знаете дека стресот е виновник за каква било промена во вашиот менструален цикус, а не самиот коронавирус“, објаснува Толер.
Жените се жалат дека сè почесто се соочуваат со дисменореја- болна менструација која е предизвикана од стрес.
Затоа, обидете се да ги практикувате активностите коишто ве прават среќни. Разговарајте со пријателите, излезете на прошетка во природа. Исклучете ги вестите, гответе, читајте книги и уживајте.