Како на природен начин да се ослободите од херпесот за само неколку часа

Херпес симплекс е вирусно заболување на кожата, што се појавува како резултат на пад на имунитетот, но често и како последица на стрес.

Обично се појавува на усните, а се карактеризира со појава на црвени везикули, исполнети со течност на кожата и на слузокожата.

Симптомите се многу непријатни, а процесот на закрепнување трае околу една недела. Со оглед на тоа што инфекцијата се појавува како резултат на пад на имунитетот, многу е важно да внесувате витамини и минерали за подигнување на имунитетот, како што се витамин Ц и цинк.

Еден од природните начини да се ослободите од овој проблем е моќниот лук.

-Земете чешне лук, ситно исечкајте го и ставете го на херпесот.
-Оставете го да отстои околу 10 минути, потоа отстранете го и измијте се со топла вода.
-Оваа постапка повторете ја пет пати и во рок од 12 часа, херпесот ќе исчезне.
-Ако станува збор за поголем херпес, повторете ја постапката и утредента.

Лукот има антивирусни и антибактериски својства, па затоа силно дејствува на зајакнувањето на имунитетот. Богат е со многу минерали, како што се калциум, сулфур, фосфор и железо. Содржи и етерични масла, како што е алицин, и витамини, па затоа се смета за природен антибиотик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e