Лошиот здив е последица од сувост на усната празнина. Непријатен е и се појавува одеднаш.
За да се ослободите од непријатниот здив неопходна е темелна орална хигиена, но дали знаете кои намирници можат да ви помогнат да се ослободите од лошиот здив?
Јаболка
Јаболката ќе ви помогнат да ги отстраните бактериите и другата храна која ви се собира меѓу забите.
Содржат антиоксиданти кои се нарекуваат полифеноли – го намалуваат растот на бактерии кои предизвикуваат лош здив.
Лиснат зеленчук
За да го задржите свежиот здив, треба да јадете салата. Лиснатиот зелен зеленчук како што е спанаќ, марула, зелка ги неутрализираат лошите мириси.
Магдонос и босилек – содржат ензими кои ги неутрализираат непријатните мириси.
Ѓумбир
Иако ѓумбирот е најпознат како природен лек за проблеми со желудникот, исто така може да помогне и во борбата против непријатен здив.
Пробиотски јогурт
Пробиотиците имаат многу корист за вашето здравје, а на листата може да го додадете и свежиот здив. Пробиотскиот јогурт содржи и бактерии кои го елиминираат лошиот здив.