Како да препознаете дека треба да го смените начинот на исхрана?

Секој организам е различен. Затоа е најдоброто самите да си одредите начин на исхрана бидејќи иако некоја диета се смета за најдобра и здрава, вам едноставно може да не ви одговара.

Како да препознаете дека треба да ја смените исхраната?

Не се чувствувате добро

Немате доволно енергија, имате проблеми со варењето, имате нагли промени на расположението и тешко ви е да се сконцентрирате – ова се знаци дека треба да ја смените исхраната.

Често не сме свесни дека храната влијае на нашето расположение и на нивото на енергија. Ако сте забележале дека не се чувствувате убаво, а немате причина зошто да бидете тажни или нервозни, треба да знаете дека тоа е од храната што сте изеле во текот на денот.

Најдобро е да водите дневник со исхрана, а потоа да се консултирате со нутриционист со кој ќе ги анализирате вашите навики.

Постојано размислувате за храна

Нормално е да размислувате за храна доколку сте на диета, но доколку постојано се случува ова и трае подолг период – нешто не е во ред.

Доколку постојано размислувате што да јадете – ќе бидете под стрес, но и ќе сте нервозни додека јадете.

Чувствувате грижа кога јадете нешто калорично

Точно е дека треба да се храниме здраво за да имаме енергија и добар имунитет, но храната е многу повеќе од тоа. Треба да јадете и да уживате во храната заедно со семејството, а не да чувствувате грижа додека јадете некој вид храна која не ви е на мени.

Ова е знак дека треба да направите промени во исхраната. Затоа, не чувствувајте грижа кога ќе изедете парче торта или парче пица. Не го лишувајте телото од задоволство, но сепак не претерувајте со слатката храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e