Нападите на паника и анксиозност се сè почести проблеми со кои се соочуваат луѓето во денешно време. Анксиозноста како емоција е природна состојба, но присуството на страв без причина е нефункционална емоција која ви пречи во нормалниот живот.
Пандемијата влијае и на менталното здравје на луѓето ширум светот, па така и во нашата земја. Страв од зараза со коронавирус, намалени контакти, карантин, полициски час, страв од губење на работата влијаат и се причина за појава на анксиозност кај многу луѓе.
Aнксиозноста е природен одговор на вашето тело на стрес, а претставува чувство на страв од непознатото. Првиот ден на училиште/факултет, ново интервју, држење говор може да предизвикуваат став и нервоза, но доколку ова чувство трае подолго од шест месеци, можеби имате анксиозност.
Иако сè уште не е јасно како се јавува анксиозноста, некои од факторите се трауми од детството, стрес, болести, дроги, строги родители итн.
Оваа состојба е проследена со телесни симптоми. Некои од најчестите се отежнато дишење, напад на паника, грчеви во стомакот, зголемен пулс, прекумерно потење, губење на апетитот и слично.
Анксиозноста може да трае од неколку секунди до неколку години. Доколку симптомите се присутни веќе подолго време, може да резултираат со анксиозно пореметување.
Како да си помогнете?
Анксиозните пореметувања се лечат со терапија, меѓутоа од голема важност е да си помогнете самите.
За намалување на симптомите е важно да сте физички активни, затоа вежбајте секој ден и практикувајте јога. Исто така, важна е и правилната исхрана, па внесувајте здрава храна. Намалете го внесот на кофеин и алкохол.
Дишете длабоко
Иако звучи како клише, длабокото и лесното дишење е всушност првиот чекор во надминување на секој вид стрес, напад на паника и на анксиозност. Затворете ги очите, длабоко вдишете и издишете. Повторете го ова неколку пати.
Убедете се дека нема од што да се плашите
Откако ќе ги затворите очите и ќе почнете со длабоко дишење говорете си себеси дека всушност не ви е ништо и дека сè си замислувате во вашата глава. Потоа моменталната ситуација ќе мине и вашиот страв од кој не произлегува ништо добро може само да ви одмогне во надминувањето на ситуацијата. Кажете си дека нема од што да се плашите или нема да ви се случи нешто лошо, полесно ќе го надминете ова ако успеете да се смирите себе. Мислете на нешто што ве смирува, на пример пуштете си музика која на вас има смирувачки ефект и набргу ќе се почувствувате подобро.