Каде и како правилно се чува медот?

Просторијата за чување на медот мора да биде сува, чиста и проветрена. Во неа не смее да има ништо што испушта непријатни и остри мириси: бензин, катран, кисела зелка или репка…

Посебно треба да се внимава просторијата да не е влажна, бидејќи дури и најзрелиот мед во влажна просторија ја апсорбира влагата од воздухот и се расипува, зоврива и се скиселува.

Садовите наполнети со мед мора да бидат добро затворени. Се препорачува прво да се стави чиста пергаментна хартија, а потоа и капакот, бидејќи медот мора добро да се затвори без пристап до воздух. Освен тоа, медот не смее да биде изложен на директна сончева светлина, бидејќи тоа ги уништува неговите добри состојки.

Медот се расипува најмногу поради вишокот на влага во просторијата каде што се чува. Вриењето на медот го предизвикуваат разни видови габи кои влегуваат во медот на различни начини: или со поленот што пчелите го внесуваат во кошниците, или габите паѓаат во медот директно од воздухот или се пренесуваат со садови, лажици или друг прибор. Вриењето на медот го фаворизира прекумерниот процент на вода во медот, поради чувањето на медот во влажна просторија и превисоката температура во просторијата каде што се чува медот.

Најповолна температура при која медот може да зоврие се смета помеѓу 15° и 19°C, додека медот може да се чува долго време на температура под 10°C за да се спречи вриење и расипување. Се смета дека најповолна температура за чување на медот на која воопшто не доаѓа до вриење е плус 5 °C. Ни прениските температури исто така не се добри бидејќи често се случува теглите во кои се чува медот да пукаат.

И медот во саќе може да се закисели ако се чува во влажни простории. Во тој случај, над медот се формираат меурчиња, а медот протекува низ саќето и добива кисел вкус. Таков мед не би смеел да се додава на пчелите, бидејќи би им заболеле органите за варење и би угинале.

Општо познато е дека порано или подоцна секој природен мед кристализира, односно се зашеќерува. Тоа е негова природна особина по која вистинскиот мед се разликува од фалсификуваниот. Со кристализацијата не се влошува квалитетот на медот, само се менува изгледот и конзистентноста на медот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e