Јадете сè што е црвено

Црвените овошја и зеленчуци би требало постојано  да бидат застапени во нашата исхрана, првенствено заради огромните количества ликопен кој е заслужен за нивната боја.

Јаболко

Флавоноидот флоризин кој се наоѓа во кората на јаболкото помага да се превенира губењето на коскената маса особено во периодот на менопауза. Пектинот и полифенолите (антиоксиданти) го намалуваат нивото на лош холестерол. Полифенолите ја спречуваат оксидацијата на клетките и на тој начин го штитат срцевиот мускул и крвните садови.

Домат

Освен што содржи големи количества на антиоксиданти, калиум и витамин Ц, доматот исто така содржи и корисни фитохемикалии кои делуваат поволно на повеќето хронични заболувања. Благодарение на биофлавоноидите, доматот мошне поволно влијае и врз метаболизмот.

Чили пиперчиња

Капсаицинот од лутите пиперчиња го поттикнува ослободувањето на ендорфин, кој пак го подобрува расположението. Содржат и витамин Ц, фолна киселина и бета каротен кои го намалуваат ризикот од карцином на дебело црево.

Лубеница

Лубеницата е одличен избор за хидратација за време на жештините, а нејзиниот сок изобилува со ликопен кој делува позитивно на хроничните болести и го намалува штетното влијание на сонцето.

Малини

Одличен извор на влакна кој поволно влијае врз процесот на намалување на лошиот холестерол. Малините спаѓаат во групата на овошја со најмало количество на јаглехидрати во себе, а содржат и големи количества на витамин Ц.

Јагоди

Јагодите се овошје полно со витамини, минерали и антиоксиданти. Поволно влијаат на имунитетот, на забите и видот. Содржат многу мало количество на природни шеќери и затоа се одличен избор на овошје за сите генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e