Ова традиционално грчко јадење ќе ве освои со совршената комбинација на вкусови и сочност
Потребни состојки:
4 компира
4 модри патлиџани
2 тиквички
3 домати
2 главици кромид
1 чешне лук
5 пиперки
сол по вкус
бибер по вкус
маслиново масло, за премачкување
500 мл свежо млеко
4 лажици брашно
Начин на подготовка:
Измијте го и исчистете го зеленчукот од семки. Излупете го модриот патлиџан, исечете го на резанки и посолете го. Компирот исечете го на крукчиња и наредете го на дното на сад за печење подмачкан со маслиново масло.
Врз компирот наредете го модриот патлиџан. Во друг сад, исечкајте го доматот и измешајте го со претходно испечените и исечени пиперки. Зачинете со сол и со бибер по вкус.
Смесата со домати се сипува врз модриот патлиџан. Кромидот и лукот продинстајте ги со сол по вкус и додајте ги исечканите тиквички. Тоа е претпоследниот слој на мусаката, на крај треба да се заврши со слој од модри патлиџани.
Покријте го садот со фолија и печете на 250 степени Целзиусови. Додека мусаката се пече, можете да го приготвите преливот.
Измешајте свежо млеко со брашно додека добиете хомогена смеса и зачинете ја со едно лажиче сол.
Откако мусаката ќе се испече, прелејте ја со оваа смеса и допечете ја уште 15-20 минути.