Велат дека очите се прозорци на душата и секој кој некогаш имал коментар за тоа колку уморни изгледате благодарение на подочниците, точно знае што значи тоа. Брук Шилдс, кралицата на беспрекорната кожа, дури и на 54 години, го сподели решението за проблемите со подочниците: Sio Super EyeLift лепенки.
Овие лепенки за очи се изработени од силикон што ја интензивираат хидратацијата и ја поддржуваат можноста на кожата да ја задржи влагата. Континуираната употреба на овие додатоци, исто така, спречува формирање на брчки на кожата.
За да ги користите, треба да бидете сигурни дека вашата кожа е чиста и сува. Нанесете ги лепенките шест до осум часа додека спиете, или неколку часа наутро.
Брук ги носеше лепенките Sio како дел од нејзината утринска рутина, а на Инстаграм го сподели своето селфи без шминка.