Еве која храна никогаш не смее да се подгрева

Иако технички повеќето храна може безбедно да се подгрее неколку пати и единствено што е важно е нејзината температура да е доволно топла за да ги убие бактериите, колку повеќе го подгревате јадењето, толку е поголема шансата да не го загреете правилно и да можете да се отруете. Затоа едно од подобрите правила е да не се загрева храната повеќе од еднаш.

Масла

Загревањето на маслото во кое нешто се готви или пржи може да биде катастрофално. Содржината на транс маснотии брзо се зголемува секој пат кога ќе го загреете маслото.

Мајчино млеко

Мајчиното млеко никогаш не треба да се загрева во микробранова печка. Не само што ова го прави помалку хранливо, туку може да претставува ризик и за новороденчето.

Јајца

Јајцата може да содржат бактерии наречени salmonella enteritidis кои можат да предизвикаат труење со храна. Можете да ги подгревате и неколку пати, но бидејќи спаѓаат во храна со висок ризик, најверојатно не вреди да ризикувате. Исто така, не треба да јадете варени јајца што останале на собна температура повеќе од два часа.

Школки и остриги

Школките исто така спаѓаат во категоријата на потенцијално опасна храна. Тие се лесно расипливи, можат да ја носат бактеријата што предизвикува труење со храна и е неопходно е да се подготват и чуваат многу внимателно. Иако повеќето школки се безбедни за јадење после термичка обработка, подгревањето не се препорачува.

Цвекло

Цвеклото е богато со нитрати кои, во случај на прегревање или подгревање, можат да се распаднат во помали честички. Иако не постои консензус за нивната штета, некои лекари веруваат дека можат да бидат канцерогени, па затоа не препорачуваат непотребна термичка обработка.

Рижото

Кремастото рижото во фрижидер брзо може да стане кисело. Затоа се препорачува да го јадете веднаш по подготовката.

Целер

Како цвеклото, целерот содржи нитрати кои можат да станат токсични во случај на прегревање.

Преработено месо

Преработено месо во микробранова печка го зголемува нивото на холестерол што месото го содржи, што може да предизвика кардиоваскуларни здравствени проблеми.

Исто така, ако имате остатоци во фрижидер стари над три дена, слободно исфрлете ги, не вреди да ризикувате. Ако навистина сакате да ги задржите, замрзнете ги за да не се расипат. Храната што ви мириса како да се расипала нема да се подобри ако ја загреете, па можете да ја фрлите во ѓубре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e