Еве кои се здравствените придобивки од кикириките

Јаткастите плодови како кикириките, ја задоволуваат желбата за грицкање додека работите или учите, а воедно се многу здрави за организмот.

Кикириките нè одржуваат сити поради големата количина на растителни протеини, па затоа се одличен избор за сите оние кои внимаваат на исхраната.

Зошто се добри кикириките?

Кикириките кои изобилуваат со хранливи материи имаат статус на вистинска „суперхрана“. Покрај протеините, една порција кикирики содржи 19 витамини и минерали кои се одлични во борбата против срцевите заболувања (како што се витаминот Е, фолната киселина, ниацинот, магнезиумот, витамин Б6, цинк, бакар и калиум), антиоксиданти, мононезаситени и полинезаситени масти кои помагаат во намалување на „лошиот“ ЛДЛ холестерол и зголемување на „добриот“ ХДЛ холестерол и влакна кои се здрави за срцето.

Помагаат во зајакнување на срцето

Истражувањата покажуваат дека лицата кои редовно консумираат кикирики имаат намален ризик од развој на кардиоваскуларни болести. Една студија од 2017 година, која испитувала повеќе од 200.000 учесници, покажала дека редовното консумирање кикирики е поврзано со 15 отсто намален ризик од срцеви заболувања.

Кикириките и путерот од кикирики помагаат во спречување на појава на дијабетес тип 2. Студија од Универзитетот Харвард од 2016 година покажува дека замената на порција животински протеини со порција растителни протеини, како што се кикириките и путерот од кикирики, значително го намалува ризикот од дијабетес тип 2.

Друга значајна студија објавена во списанието на Американското медицинско здружение претходно покажала дека консумирањето путер од кикирики го намалува ризикот од дијабетес тип 2 за 21 отсто кај жените.

Штитат од Алцхајмерова болест

Кикириките имаат високо ниво на ниацин и се добар извор на витамин Е, две хранливи состојки за кои одамна е познато дека штитат од Алцхајмерова болест и когнитивен пад со текот на годините.

Една студија покажува дека кај речиси 4.000 луѓе на возраст над 65 години, ниацинот од храната ја забавил стапката на когнитивно опаѓање. Друга студија истакнува дека внесувањето на витамин Е може да го одложи функционалниот пад кај пациентите со Алцхајмерова болест, пишува „Real Simple“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e