Епидемијата, карантинот и неизвесната иднина предизвикуваат стрес кај луѓето и истакнуваат колку е важно да се грижиме за нашето ментално здравје. По повод Светскиот ден на свесноста за стрес откриени се интересни податоци.
Во истражувањето учестуваа помеѓу 2.379 испитаници кои одговорија кое е нивното омилено хоби со помош на кое се ослободуваат од стрес. Од вкупниот број испитаници, 357 луѓе имаат исто хоби кое највеќе ги опушта.
Во истражувањето учествуваа луѓе од Велика Британија на возраст од 20 до 30 години кои се занимаваат со 20 хобија.
На првото место е плетењето кое го намалува пулсот во просек за 18,75 отсто. На второ место е риболовот со помош на кој се намалува пулсот за 10 осто, а на третото месо е минување време на социјалните мрежи.
Следуваат калиграфија, боење и возење велосипед.
Најпопуларните хобија се плетење, јога, правење колачиња, трчање, рачна изработка на садови и голф.