Високите летни температури можат негативно да делуваат на вашата шминка, но не мора да го прескокнувате шминкањето со помош на овие совети.
Пудра на очните капаци – Нанесете пудра и на очните капаци за да не ви се преслика маскарата.
Користете водоотпорни производи – Водоотпорните производи во летниот период се најдобар начин шминката да остане на своето место, иако прекумерно се потите.
Хидрирајте ја кожата – Не само во зима: на кожата подеднакво ѝ е потребна хидратација и во летниот период.
Користете спреј за фиксирање – Овие спрејови се направени да ја продолжат трајноста на шминката, така што прават заштитна бариера на кожата. Постојат различни видови, па купете го оној што најмногу ви одговара.