Есенски намирници кои помагаат во слабеењето

Есента е вистинско време за користење на нејзините плодови кои не само што добро влијаат на здравјето и ја подобруваат општата состојба на организмот, туку можат да помогнат и во губењето на вишокот килограми.

Постојат 5 намирници кои се одлични сојузници за постигнување на посакуваната тежина. Доколку ги користите почесто во исхраната, можете да се надевате на лесно и здраво слабеење.

Прокељ

Овој зеленчук е полн со влакна и витамини, богат со хранливи материи и е одличен извор на антиоксиданти. Можете да го консумирате печен како прилог со некое месо, варен на пареа или од него да направите интересен намаз за ужина.

Цимет

Утврдено е дека циметот поволно делува на регулирање на шеќерот во крвта и може да помогне во борбата против воспаленијата, но исто така е од голема помош во регулирање на телесната тежина. Додавајте го во разни јадења или напитоци и наскоро ќе го видите неговиот ефект во губењето килограми.

Карфиол

Оваа супер храна има малку јаглехидрати, но затоа е богата со влакна и омега-3 киселини. Карфиолот е зеленчук кој е одличен сојузник во слабеењето, а од него можете да подготвите многу нискокалорични и вкусни јадења.

Семки од тиква

Хранливите семки од тиква го поттикнуваат губењето на килограмите. Тие имаат висока содржина на протеини и влакна, богати се со омега-3 масни киселини и триптофан кој го намалува стресот и помага полесно да заспиете. Има многу причини зошто треба да ги вклучите семките од тиква во вашата исхрана оваа есен.

Калинка

Семките од калинка се полни со влакна кои го помагаат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Покрај тоа, калинката е одличен антиоксидант.

Доколку оваа есен почесто консумирате овошје, голема е веројатноста дека ќе ја подобрите општата состојба на организмот, но и ќе се ослободите од вишокот килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e