Експертите предупредуваат: Бидете внимателни со јаболковиот оцет!

Не може да се негира дека јаболковиот оцет е полн со ензими, пробиотици, како и помага во регулирање на шеќерот во крвта. Но, сè повеќе експерти предупредуваат на прекумерна консумација на јаболков оцет за штетните несакани ефекти поврзани со неговата потрошувачка.

Диетитичарката Ели Кригер за „Вашингтон пост“ изјави дека јаболковиот оцет е киселина со која треба да се постапува внимателно.

„Тоа е моќна киселина која може да биде опасна. Може да предизвика изгореници на деликатното ткиво на устата и хранопроводот и да доведе до ерозија на забите“, објасни таа.

Јаболков оцет може да предизвика гадење и други гастроинтестинални проблеми, така што доколку чувствувате непријатност, можеби е време да ја намалите неговата консумација.

Непријатните симптоми можат да се избегнат ако разредите јаболков оцет со вода или го користите само како зачин во вашата омилена салата.

„Јас секогаш сум за тоа оцетот да биди дел од диетата, но кога се меша со зеленчук. Обемот на влакна и водата во зеленчукот ќе ви помогне да останете полни и хидрирани што природно помага во варењето на храната и одржувањето на тежината“, е советот на нутриционистот Кери Гласман.

Покрај тоа, оцетот нема скоро никакви калории, за разлика од кремастите преливи кои се калорични бомби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e