Анксиозноста и нападите на паника се болести на модерното време кое диктира забрзано темпо на живот.
Една девојка која му се јавила на своето момче за да му се пожали дека има паничен напад и дека се чувствува многу лошо, го споделила советот кој тој ѝ го дал, пренесува “Mirror”.
Станува збор за едноставна метода која треба да ја примените кога ќе почувствувате дека ќе добиете паничен напад. Иако повеќето од нас во одредени околности почувствувале што значи паничен напад и страв, ваквите моменти на многу луѓе им се случуваат често без посебна причина.
Советот е да не се борите против нападот, туку да дишете бавно и длабоко и да се потсетите дека паничните напади се кратки и минливи, фокусирајќи се на позитивни и релаксирачки мисли.
“Чувствував дека ќе добијам уште еден паничен напад кога му се јавив на моето момче, а тој ме советуваше да ставам една коцка лед во устата”, открила девојката на социјалните мрежи.
“Не знам од каде му дојде ваквата идеја, ми беше чудна, но ја испробав и делуваше”.
Коцката лед веднаш ѝ ги отргнала мислите од паничниот напад и ја вратила во реалноста, а вознемирените мисли ѝ исчезнале бидејќи се фокусирала на ладното чувство во устата. Веднаш следеле коментари од други луѓе кои потврдиле дека оваа техника и тоа како делува, а истиот ефект можете да го добиете ако загризете една кришка лимон.