Џем од цвекло, јаболко и моркови

Сезоната на зимници веќе одамна е започната. Меѓу повеќебројните зимници свое место во катчетоо за зимници зазема и џемот.
Направете џем кој ќе биде вистинска витаминска бомба од природни состојки.

Потребни состојки:

500 г цвекло
500 г морков
500 г јаболка
500 г лимон – сок
500 г шеќер
100 мл вода

Начин на подготовка:

Цвеклото, морковот и јаболката убаво измијте ги, излупете ги, исечете ги на парчиња и ставете ги во блендер или сомелете ги на машина. Потоа во таа смеса додадете исцеден сок од половина килограм лимони.

Кога џемот ќе биде готов, малку извадете на тацна и проверете ја густината.

Врелиот џем складирајте го во стерилизирани тегли, веднаш затворете со добри метални капаци и превртете ја теглата за да се вакумира. Оставете го џемот да излади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e