Два продукта што Џенифер Лопез никогаш не ги јаде

Нејзиниот личен готвач Келвин Фернандез неодамна откри како изгледа менито на славната пејачка и нејзиниот свршeник.

Џенифеер Лопоз е прилично строга кога е храната во прашање па многу работи избегнува, затоа што води сметка за својата линија. Постојат две намирници кои никогаш не ги ставила во уста затоа што не ги сака.

Нејзниот личен готвач Келвин Фернандез неодамна откри како изгледа менито на славната пејачка и нејзиниот свршеник Алекс Родригез, но и под каков ригорозен режим била пејачката пред настапот на Супер Боул. Сега тој откри и уште еден детал за исхраната на Лопез, а тоа е дека таа избегнува лосос.

-Не е фан на такстурата и вкусот на лососот- појаснува тој.

Познато е и дека не сака овошје, посебно бобинки. Но сепак секогаш ги има во фрижидерот затоа што нејзините деца ги обожуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e