Со оглед на тоа што човековото тело е сочинето од 75% течност, и тоа што дневните потреби за течност сe речиси редовно поголеми од тоа што просечниот човек го внесува, организмот често се бори со проблемот со недостаток на течности. Воедно, ако прашате кој било фитнес експерт која е најчестата грешка која се прави при вежбањето, одговорот ќе биде дехидрацијата т.е. недоволното внесување течности.
Недостаток на течности го загрозува функционирањето на нашиот организам, го спречува правилниот психофизички развој и негативно влијае на севкупното здравје. Доколку забележите некои од овие најчести симптоми на дехидрација, веројатно е време да преземете нешто.
Овие се петте најздрави пијалаци на сите времиња:
Вода
Водата не е само најдобриот пијалак за гасење на жедта. Таа помага во апсорпцијата на хранливите материи од храната, ги пренесува хранливите материи до сите делови на телото, ја одржува функцијата на цревата и помага во исфрлањето на токсините од организмот.
Зелен чај
Зелениот чај е еден од најздравите напивки на светот, сигурни се нутриционистите. Истражувањата покажуваат дедка зелениот чај лечи главоболки, го подобрува расположението, го намалува нивото на холестерол, го подобрува имуниот систем и кардиоваскуларното здравје, го спречува појавувањето на ревматоидниот артритис, а богат е и со антиоксиданти кои го спречуваат појавувањето на ракот.
Црно вино
Кога се во прашање здравствените придобивки, црното вино е вистински магионичар. Тоа содржи толку антиоксиданта, да една чаша дневно го спречува ракот, ги намалува штетните ефекти на пушењето, го подобрува здравјето на срцето, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, ги подобрува функциите на мозокот и ја намалува хипертензијата.
Сок од јаболко
Свежиот сок од јаболко, за разлика од верзиите кои ги купуваме во продавница кои содржат конзерванси, одличен е за телото и умот. Овој пијалак го смалува нивото на лошиот холестерол, помага со здравјето на срцето, помага со губењето на килограмите, ги ублажува симптомите на артритис и ревматоидните заболувања, го подобрува здравјето на цревата, врши детоксикација на бубрезите и црниот дроб, го смалува ризикот од рак и е одличен за плуќата. Покрај тоа, свежиот сок од јаболко го смалува ризикот од анемија кај трудниците и ја подобрува меморијата.
Сок од цвекло
Конзумирањето на сок од цвекло ги смалува проблемите, како што се акните, сувата кожа и перутот. Исто така, овој сок ја подобрува кондицијата, ја лечи анемијата, го подобрува имунитетот, ги чисти бубрезите и црниот дроб, го контролира крвниот притисок и ја лечи жолтицата.