Дознајте како да ја намалите желбата за слатка храна

Сите сме љубители на слатката храна. Ретко кој од нас може да одолее на торти, колачи, пудинг, чоколатца. Но, ваквата слатка храна содржи многу шеќер, ароми, боја за храна. Полна е со калории, а со многу малку хранливи вредности.

Како да одолеете на потребата за шеќер?

Може да станете отпорни на потребата за шеќер доколку разберете што ви се случува. Потребата за слатка храна може да се открие доколку водите сметка за тоа што јадете и кога.

Направете стратегија за ужинка

Доколку ви се јаде нешто благо навечер или попладне, внесете попладневна ужинка во својата рутина. Може да пробате гвакамоле сос со чипс, варени јајца со зачини, овошје.

Внимателно направете план за оброците

Можеби ова ќе ви одземе време но важно е да ги следите потребите на телото. Не треба да се изгладнувате бидејќи тоа има контра ефект.

Прилагодете ги вашите оброци

Востановете во кој период од денот чувствувате умор или потреба за храна. Во тој период може да изедете малку јаткасти плодови, јајца, пченкарен чипс, овошје.

Откријте што ви се допаѓа

Доколку јадете салата со пилешко месо и тоа не ве најадува, попладне ќе имате потреба за слатка храна. Затоа, со салатата може да изедете кришка црн леб и ќе бидете сити.

Истражувајте

Побарајте нови рецепти, купете го овошјето коешто не сте го пробале досега или експериментирајте со здрави рецепти. Со нови навики во исхраната ќе постигнете резултати и ќе ја намалите потребата за благо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e