Дознајте ги лековитите својства на лимонот

Дека лимон е богат со витамин Ц и може да го зајакне нашиот имунитет, како и тоа дека ни помага полесно да се избориме со настинките и грипот, веќе на сите ни е познато одамна. Сепак, постојат 7 мали тајни, за кои веројатно не знаевте, а се однесуваат за тоа што сè може лимонот.

Без разлика дали го користиме во лимонада, чај, сокови или колачи, лимонот е навистина далеку пред секое овошје. Има корисен ефект врз работата на црниот дроб, цревата, желудникот.

Ако редовно консумирате лимон, можете да ги спречите болестите како што се ларингитис, бронхитис, грип, настинки, артритис, висок кр-вен притисок, бактериски инфекции, создавање на бубрежни и жолчни камења. Што сè може лимонот?

Ги брише акните

Лимонот содржи киселина која помага во лекување и бришење на акните. Имено, витаминот Ц од лимонот се бори против сите познати бактерии кои предизвикуваат акни. Пробајте го овој едноставен совет: пред да ссе легнете нанесете малку свеж сок од лимон врз воспалената акна, оставете да се исуши, на наутро кога ќе станете добро исплакнете со топла вода. Акните сигурно ќе бидат помалку видливи.

Лимонот има смирувачки ефект

Истражувањата покажале дека лимонот има смирувачки ефект и помага да се намали нервозата, заморот и напнатоста. Исто така, вдишувањето на лимонови ароматични масла ја подобрува концентрацијата и памтењето. Од тие причини вашиот овлажнувач на воздухот нека има цитрусен мирис.

Ја отстранува тврдата кожа од петниот трн од стапалата

Топлите облоги со лимон фиксирани со фластер и завој во зафатениот предел можат да ја стопат тврдата кожа и формиранио калус. Оставете ја облогата да делува преку ноќ, а следниот ден ќе ве чека изненадување.

Ја враќа енергијата

Витаминот Ц ефикасно делува врз уморот зајакнувајќи го нашиот имунитет и заштитувајќи нè од бројни заразни болести. Исто така, неколку капки лимон во водата која ја пиеме ефикасно ќе ја изгасат нашата жед, ќе нè освежат и ќе не направат поподготвени за секојдневните активности.

Го освежува здивот

Лимонот помага да се задржи свежиот здив во устата. Доволно е во чаша топла вода да ставите неколку капки лимон и да ја исплакнете устата. Што и да сте јаделе, свежиот здив ќе ви се врати после ова.

Помага да се извади боцката од убод на инсект

Ако после уб од на пчела или некој друг инсект сте забележале дека боцката е сè уште во вашата кожа, ставете неколку капки лимонов сок помешани со лажица мед и нанесете во пределот на у бо дот. За неколку минути кожата заедно со боцката ќе бидат омекнати, па со голема леснотија ќе можете да ја извадите.

Помага во побрзо ослободување од вишокот килограми

Забрзајте го метаболизмот така што после секој оброк ќе се напиете чаша млака вода во која сте исцедиле сок од еден лимон. Со оглед на тоа што ова е оснава на многу диети, вреди да се испроба.

Лимонот ги топи брадавиците

Истолчете три таблети витамин Ц а потоа добиениот прав помешајте го лимонов сок така да добиете густа паста. Со не премачкајте ги брадавиците, но внимавајте на околната кожа. Фиксирајте со фластер. Киселината од таблетите и лимонот за некое време ќе ја стопи брадавицата, односно таа ќе отпадне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e