Морате да го пробате чипсов. Единствен услов за подготовка е да имате микробранова печка.
Начин на подготовка:
-Компирот излупете го и исечкајте го на тенки листови,
-ставете ги во ладна вода некои 10 минути за да излезе скробот од нив,
-на хартија за печење, која сосема малку ќе ја намрсите (а и не мора) ги редите листовите од компир, еден до друг, но да не се преклопуваат,
-со четка премачкајте ги со масло,
-зачинете по желба, ставете ги во микробранова печка и вклучете ја на 4 минути.
Веднаш кога ќе го извадите од микробрановата печка, одвојте го од хартијата почекајте да се излади и уживајте во прекрасниот вкус на домашно приготвен чипс.