Акните се најчесто заболување на кожата кое ги зафаќа 85% од адолесцентите. Акните не влијаат директно на здравствената состојба на пациентот, но можат поради незадоволството од сопствениот изглед индиректно да доведат до губење на самодоверба, повлекување во себе, дури и до депресија. Затоа нарвреме треба да се превземат соодвети мерки за лекување.
Акните можат да бидат предизвикани од еден вид хормонална нерамнотежа или ако не го миете редовно лицето. Но, наместо да се грижите за тоа како и кога ќе се појават, пробајте го овој ефикасен трик што го решава вашиот проблем со ненадејни акни.
Оваа домашна паста, кога ќе се нанесе и остави преку ноќ, може да помогне да се отстранат.
Потребни состојки:
Една третина чаша брашно од леблебија
Зелен чај во прав – две лажички
Куркума во прав – една лажица
Ориз во прав – една третина од чашата
Начин на подготовка:
Прво земете сад и измешајте брашно од леблебија и прав од зелен чај. Потоа додадете куркума и ориз во него и добро измешајте. Додадете малку розова вода за добро да ги измешате прашоците заедно. Чувајте ја смесата во херметички затворен сад за да ја задржите влагата.
Вечерта, земете малку од смесата, додадете повеќе розова вода доколку е потребно и нанесете ја пастата на погодените области на лицето. Оставете ја пастата преку ноќ и измијте ја со ладна вода наутро, како дел од вашата утринска рутина за нега на кожата.