Прекумерното користење на социјалните мрежи може да предизвика неочекувани проблеми со човечкото тело. Сепак, сè уште има многу луѓе кои секојдневно претеруваат со времето, што го поминуваат во прелистување на нивните профили. Тим од психолози предводени од Ерик Ванман одржаа интересно истражување во кое се вклучија 138 волонтери кои поминуваат повеќе од три часа на ден во социјалната мрежа. Идејата е да останат без пристап до Facebook пет дена и да ги анализира промените што се случиле.
Резултатите покажуваат дека апстиненцијата од социјалната мрежа има позитивно влијание врз нивото на стрес во организмото на волонтерите. Овој тренд се забележува кај сите учесници, кои пријавиле „значителен“ пад во количината кортизол (хормонот кој предизвика стрес) во нивната крв, што дефинитивно е доста интересен заклучок, пренесе „DigitalTrends“. Студијата утврдува убедлива врска помеѓу времето поминато во социјалните мрежи и стресот чуствувана од луѓето, кои го прават тоа во секојдневниот живот.
Научниците сметаат дека резултатите се поврзани и со стравот дека пропуштаме важни моменти од социјалниот живот на блиски луѓе, што почнува да не загрижува околу една недела откако ќе престанеме да користиме Facebook. За повеќето луѓе таа изолација од реалниот свет се испоставува извор на некои негативни емоции, дека стоиме настрана од важните работи. Податоците во истражувањето се категорични дека најдобра опција е да си даваме мали паузи од Facebook, што нѐ прави поконцентрирани и подобри во комуникацијата.