Како што истакнува медицинската платформа Healthline, нормално е да се здебелите од 1,5 до 2,5 килограми на почетокот на менструалниот циклус, а овој вишок обично исчезнува по неколку дена крварење. Тоа е физички симптом на предменструален синдром, кој се јавува поради нагли промени во нивото на хормоните.
Зголемувањето на телесната тежина и надуената стомачна болка се вообичаени симптоми за време на менструацијата, а вие така се чувствувате поради повеќе причини.
Најчестите причини за зголемување на телесната тежина за време на менструацијата се:
Xормонални промени – пад на естрогенот и прогестеронот, кои исто така го контролираат начинот на кој телото ја регулира течноста, па повеќе вода се акумулира во ткивата, што ја зголемува тежината, но не и мастите.
Задржување на водата – затоа, како резултат на оваа акумулација, вишокот течност се задржува во телото, а тоа е нормална појава што ја доживуваат околу 92 проценти од жените за време на менструацијата.
Надуеност – поради хормоналните промени доаѓа до зголемување на гасовите во гастроинтестиналниот тракт, а тоа во комбинација со задржување на водата во стомакот ја зголемува надуеноста.
Желба за храна – секако, постои и најочигледната причина: поради хормоналните промени и особено падот на серотонин, како и падот на магнезиумот (кој предизвикува зголемена потреба за шеќер), апетитот се зголемува и консумираме повеќе храна од вообичаено и генерално правиме нездрави избори.