Дали тефлонските тави предизвикуваат рак?

Како грижата за сето она што го јадеме да не е доволно голема, па сега мора да водиме сметка и за садовите во кои ја подготвуваме храната.

Сепак, изгледа дека тоа е навистина така, бидејќи Агенцијата за безбедност и зачувување на животната средина на САД повторно нè опомена да внимаваме на садовите за готвење кои имаат нелеплива површина.

Перфлуорната катоничка киселина која се наоѓа во составот на ваквите садови, докажано предизвикува одредени видови на тумори на црниот дроб и тестисите, а влијае и на плодноста општо кај животинските видови. Иако не е докажано дека оваа хемикалија која се наоѓа во составот на тефлонските садови, влијае врз човекот на било каков начин, Агенцијата за безбедност и зачувување на животната средина, опоменува дека сепак не би требало да ризикуваме.

Кујнските садови се општо чест предмет на полемика поврзана со здравјето. Во седумдесетите години се верувало дека алуминиумот предизвикува Алцхајмерова болест, што довело до значајно намалување на неговата употреба во производството. Сепак, оваа теорија никогаш не била докажана.

Бакарните садови пак може во текот на готвењето да отпуштаат извесно количество од материјал кој може да предизвика мачнини и дијареа.

Железото исто така може да предизвика извесни здравствени проблеми, додека за нерѓосувачкиот челик се верува дека е сосема безбеден.

И покрај бројните теории, за тефонските садови сепак се верува дека се безбедни, поради специјалниот начин на производство и изложувањата на високи температури.

Според една спроведена студија, во која биле тестирани 26 тавчиња со нелепливо дно, ниту едно од нив, при висока температура, не отпуштало било какви хемикалии.

Сепак, се забележало дека некои личности почувствувале мачнини откако консумирале храна која загорела додека се подготвувала во тефлонски сад.

Епилогот на оваа приказна е дека сепак може да ги користите тефлонските садови, без страв за вашето здравје. Но сепак ќе треба да внимавате да одржувате оптимална температура и да не ги изгребете. Ако тоа сепак се случи, препорачливо е да ги замените со нови садови, токму поради безбедноста на вашето здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e