Депресијата не е смртоносна. Најтешка компликација на депресијата е самоубиството. Две третини од болните прават суицид. Не е можно точно да се предвиди дали и кога депресивна личност ке направи суицид.
Почетокот и крајот на депресивната епизода претставува зголемен ризик од самоубиство. Посебно опасно е кога болниот ќе излезе од депресивната фаза бидејќи тогаш настанува процес на враќање на енергијата и силата што овозможува суицидално делување.
Општи фактори за суицидален ризик се:
Присуство на психотични симптоми
Претходни обиди за самоубиство
Регистрирани самоубиства во семејството на болниот
Постоење на разработен план за самоубиство
Возраст од 45 години
Зависност од алкохол
Бес, анксиозност, агитација, безнадежност
Одбивање помош
Продолжен тек на депресивната епизода
Недамнешно губење на некој близок или раздвојување
Губење на физичкото здравје
Невработеност
Социјална загрозеност
Осаменост (неоженети, неомажени, вдовци, разведени)
Занемарување и провоцирачки став кон блиските особи