Црна лимонада – го чисти црниот дроб, го намалува холестеролот, ги топи маснотиите…

Доколку планирате да го исчистите вашето тело од наталожените токсини и едноставно да добиете повеќе енергија и да се чувствувате подобро, тогаш овој напиток е баш за вас.

Лимонадата за многумина е омилен летен пијалак, освежува и многу е вкусна, но кога во неа ќе додадете активен јаглен ќе добиете здрав напиток кој ќе го закрепне целиот ваш организам. Баш поради активниот јаглен, овој напиток има црна боја, додека пак вкусот останува непроменет.

Црната лимонада ќе го исчисти телото од токсини, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали нивото на холестерол.

Напитокот помага и при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање на воздух при јадење), па и кај проблеми со кожата. Го регулира системот за варење, а на тој начин го забрзува метаболизмот што доведува и до губење на килограмите.

Активниот јаглен е добиен при деструктивна дестилација на материјали од различни билки и кора од кокосов орев и има впивачки својства, па затоа ги отстранува штетните материи и токсините од организмот.

За подготовка на овој напиток ви е потребно:

– сок од половина лимон или лимета;

– чаша минерална или кокосова вода;

– половина лажица активен јаглен.

Начин на подготовка:

Во водата додадете сок од лимон и активен јаглен во прав. Добро измешајте и напитокот е подготвен.

Начин на употреба: Напитокот се пие еднаш неделно и никако почесто од тоа.

Напомена: Оваа лимонада може да го намали дејството на лекови. Поради тоа доколку пиете некакви лекови, треба да внимавате на двочасовниот интервал меѓу консумирањето на лекот и пиењето на црната лимонада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e