Чичока – спас за дијабетичарите

Оваа билка е лек за луѓето кои имаат покачен шеќер, а се одгледува многу едноставно

Попозната како сладок компир, чичоката најчесто се користи кај луѓе болни од шеќерна болест.

Особено е познат по тоа што не содржи скроб, туку полисахарид инулин, поради што чичоката во исхраната најчесто ја користат дијабетичари.

Оваа била е препознатлива по високот стебленце и големите жолти цветови. Потекнува од Северна Америка, но распространета е низ целиот свет.

Преживува суша, но и многу ниски температури и до – 30 степени. Сака влага, но не се препорачува да се сади во почва на која претходно растел или уште расте сончоглед. Може да се сади во доцна есен или на почеток на пролет.

Чичоката има многу ниска калориска вредност и многу нутриенти. Таа содржи калиум, фосфор, калциум, железо и магнезиум. Покрај тоа, содржи и витамини А, Б, Ц и Д, како и есенцијални аминокиселини. Најважната состојка, сепак, е инулинот. Од таа причина, чичоката е идеална храна за дијабетичари, бидејќи се користи и за индустриска екстракција на инулин – полисахарид кој не произведува глукоза, туку фруктоза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e