Време е за детоксикација пред божиќните трпези.
Подгответе напивка која го прочистува телото и помага во забрзувањето на метаболизмот.
Потребни намирници – 1 литар вода, половина грејпфрут, 1 мандарина, 1 краставица, 6 листови нане.
Грејпфрутот е полн со витамин Ц, тој ги топи маснотиите и ги претвора во енергија. Мандарината го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ја забрзува потрошувачката на калории. Краставицата го зголемува чувството за ситост и ја намалува подуеноста. Нането, пак, го смирува желудикот.
Подготовка:
Убаво измијте ја и исечете ја краставицата на кругови, а грејпфрутот и мандарината излупете ги и разделете ги на кришки. Во голем бокал ставете ги сите состојки. Додадете ја водата. Потоа оставете да отстојат во фрижидер преку ноќ. Следното утро пијалакот измешајте го и пијте го во текот на целиот ден.