Чај од две состојки за топење на килограмите и исфрлање на токсините

Во една објавена студија, истражувачи од Државниот универзитет во Охајо откриле дека консумирањето зелен чај може да го подобри здравјето на лицата со намалување на шеќерот во крвта и подобрување на работата на цревата.

Не е изненадување поради тоа што ова не е првпат научниците да се фалат со предностите од пиењето на овој здрав чај.

Претходно истражување поврзано со консумирањето зелен чај докажало дека се подобрува функцијата на срцето благодарение на флавоноидите присутни во напитокот – антиоксиданти кои можат да го намалат LDL лошиот холестерол и ја подобруваат функцијата на крвните садови.

Зелениот чај исто така може да го подобри здравјето на мозокот, го подобрува расположението, го намалува стресот и го подобрува квалитетот на сонот. Сепак, една од најчестите познати предности на зелениот чај е дека овој пијалак може да го исчисти организмот од токсини.

Состојки:
– 1,5 литри немасно млеко;

– 2 лажици зелен чај (не користете го оној од ќесички).

Сварете го млекото, па почекајте малку да се излади. Кога температурата на млекото ќе изнесува 70 степени (не смее да биде многу врело млекото), додадете ги ќесичките зелен чај. Поклопете, па оставете го да отстои 20-на минути. Процедете, па може да го консумирате.

Чајот со млеко организмот подобро го апсорбира затоа што зелениот чај го олеснува варењето на млекото, додека пак млекото го ублажува ефектот на кофеинот.

Се препорачува во текот на денот да се консумира по една шолја на два часа, а во меѓувреме пијте негазирана вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e