Брза и едноставна салата со тиквички

Тиквичките се многу здрави за јадење, а ова е еден од највкусните начини за нивно почесто консумирање.

Брзо и едноставно подгответе превкусна салата за која ќе ви бидат потребни следниве состојки:

-2 млади тиквички
-маслиново масло
-2 чешниња лук
-малку свеж магдонос
-соја сос
-балсамико оцет

Постапка:

1.Одберете помлади тиквички за да не мора да се лупат. Убаво измијте ги па исечете ги во круг со средна дебелина. Многу малку посолете ги, бидејќи соја сосот е солен, па испечете го нелеплива тава со многу малку масло.

2.Подгответе го дресингот за салатата: Излупете го и ситно исечкајте го лукот, а исто така и свежиот магдонос. Количините можете да ги зголемите или намалите во зависност од вашиот вкус. Додадете маслиново масло, соја сос и балсамико оцет, па промешајте и оставете малку да се соединат.

3.Во еден сад редете: еден ред дресинг, па еден ред тиквички и повторувајте ја постапката додека да ви се потрошат состојките.

4.Салатата може да се јаде топла или ладна, секако е превкусна и може да се послужи со било кое јадење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e