Биохемичарка го разби митот за здравиот појадок – Тоа се е маркетинг

Често за појадок се препорачуваат намирници кои во суштина доведуваат до тоа да останете без енергија и подоцна во текот на денот да јадете покалорична храна.

Доколку сакате да го започнете денот со тост-лепче или полна чинија слатки житарици, можеби и чаша цеден сок од портокал, немаме добри вести за вас.

Ваквата исхрана може да доведе до нагло зголемување на гликозата во крвта, уште поголема потреба за слатка храна и не е корисна ниту за здравјето ниту за фигурата на тело, велат експертите.

Тогаш, што треба да се јаде за појадок?

Француската биохемичарка Џеси Еншосп, неодамна на конференцијата „Цената на лошата исхрана“ предупредила дека јавноста е излажана да посегнува по сладок појадок со „маркетингот којшто нѐ лаже со децении“.

Како што истакнала, сокот од портокал се рекламира како здрав иако содржи околу седум лажички шеќер во чаша, а таа советува и да се откажеме од слатките мусли, тост-лепчињата и останатата храна која вообичаено се препорачува за појадок.

Според зборовите на биохемичарката, ниту една храна не е забранете, но потребно е да се јаде во дозволени количини и во вистинското време од текот на денот, а доколку појадувате нешто солено, тогаш подолго време ќе останете сити и нема постојано да грицкате за да се „дополните“ со шеќери.

„Луѓето долго време ви зборувале: Испијте сок од портокал наутро, ќе ви даде енергија“, „Појадокот треба да биде сладок, треба да јадете печива и житарици“, но сето тоа е лага“, смета таа.

„Консумирањето сладок појадок го измислила прехранбената индустрија само за да заработи пари затоа што појадокот е многу исплатлив“, смета Еншосп.

Што треба да јадете за појадок?

Како што истакнува таа, најдобриот појадок е оној којшто е врз основа на протеини кои се многу важни доколку сакате да останете сити подолго време. Протеините му се неопходни на телото, но ние не ги јадеме ниту приближно доволно.

„За појадок може да ги јадете остатоците од вечерата – доколку ви останало риба, зеленчук, тогаш јадете го тоа“, советува Џеси Еншосп.

Инаку, таа е авторка на книгата „Божицата гликоза“, а истакнува дека слаткиот појадок ја намалува енергијата која циркулира низ цело тело. Потоа доаѓа до пад на нивото на шеќер, што понатаму предизвикува умор, глад и зголемена желба за храна.

Доколку почнете да појадувате храна која содржи повеќе протеини, како на пример јајца, авокадо или риба, потоа растителните влакна од зеленчукот, тогаш телото ќе добива стабилна енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e