Едно од правилата за губење на тежина укажува дека консумирање на храна и пијалоци (алкохол и газирани) по 20 часот може да има негативно влијание на нашето тело. Но, ова не е сосема точен податок. Битно е што јадете. Постојат намирници кои можат да се консумираат и навечер, без да се добие на тежина.
Млекото, само по себе, не содржи многу калории, поради што е добро за консумирање и во доцните вечерни часови. Содржи триптофан, аминокиселина која може да ви помогне побрзо да заспиете, исто така, одговорен е за зголемување на производство на серотонин во организмот. Содржината на калциум и витамин Д помагаат кај коските.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се богати со антиоксиданси и се одличен избор за доцните ноќни часови, бидејќи даваат чувство на ситост. Сепак, не треба да се претерува, идеално е да се јаде една или половина грст, бидејќи, се’ над тоа може да има негативен ефект.
Зеленчук
Зеленчук е најдобра опција да се залаже стомакот. Иако не најадува, што не му е ни целта, навечер треба да се јаде лесна храна. Количината не е битна, бидејќи содржи многу малку калории. Сепак, ако решите да подготвите салата, не претерувајте со масло и зачини и не консумирајте леб.
Мисиркино месо
Мисиркиното месо нема многу масти, со што не содржи многу калории (за разлика од свинско месо). Нормално, не треба да се претерува, 1-2 помали парчиња со нискокалорично сирење ќе завршат работа.
Интегрални житарици
Како и млекото, храната богата со јаглехидрати помага да се зголеми трипофанот во организмот. Но, треба да бидете внимателни бидејќи обработените јаглехидрати, како што се тестенина, бел леб или чипс, предизвикуваат ненадеен скок на шеќер во крвта, што може да предизвика немирен сон. Меѓутоа, интегралните житарици имаат спротивен ефект, како за сонот, така и за половината.