Што можете вие како родител да направите за да го заштитите имунитетот на детето?
Дајте му шанса на некој од овие 3 домашни, природни лекови:
1. Мед со прополис
Медот со прополис или медот со матична млеч треба да му го давате на детето секое утро пред да излезе од дома.
Прополисот е познат природен антибиотик, а велат дека ги „убива“ сите вируси и честички кои му штетат на здравото тело.
Матичниот млеч пак, е богат со витамини од групата Б, како и витамин Ц.
2. Масло од диво оригано
Овој природен антисептик често се препорачува како природна замена за антибиотик. Неверојатно е јак и горчлив, па задолжително консултирајте се со лекар за дозирањето.
Освен што успешно ги лечи и спречува респираторните болести, помага и при работата на цревата.
3. Сируп од овес
Овој природен лек се подготвува така што 6 шолји од 200ml неизлупен, домашен овес ќе го помешате со исто толку шеќер и вода и ќе го варите околу 20 минути.
По ладењето се процедува и му се дава на детето секое утро по 1 лажичка, во рок од 40 дена.