Рецепт за домашен вкусен кечап

Љубител сте на кечапот и без него не може да помине ниту еден ваш оброк?! Време е да направите домашен кечап, вкусен и здрав. без вештачки бои и конзерванси.

За подготовка на домашниот кечап ќе ви биде потребно:

4 килограми мелени домати
200 грама шеќер
120 грама густин
мала шолја оцет
80 грама сол
две лажици оригано
Подготовка:

Од 4 килограми сомелните домати, одвоите половина литар, смесата да биде ладна и помешајте ја со сите други состојки. Преостанатите домати варете ги половина час и додајте ја разматената смеса, а потоа варете се заедно уште 10 минути со повремено мешање.

Ако планирате да стои подолго, односно да го имате и преку зимата ставете и една кесичка конзерванс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e