Пештера во Романија била запечатена и неоткриена дури 5,5 милиони години, а така долг период без контакт со надворешниот свет, направила да нејзините жители бидат мошне специфични.
Воздухот е отровен и влажен, а ваквите неможни услови за живот, сепак создале некои облик на живот кој за биолозите претставува вистински рудник на злато.
Луѓето оваа пештера ја откриле дури 1986 година кога романските работници барале нова локација за нуклеарната електрана. Денеска во неа може да се влезе само со посебна дозвола, иако поголемиот дел и понатаму е непристапен.
Кога еднаш ќе се дојде во утробата на пештерата, воздухот содржи дупло помалку количина на кислородот отколку што е вообичаено, а богата е со јаглен диоксид и сумпроводник. Сончевите зраци таму не продирале 5,5 милиони години и толку е мрачно што не се гледа прст пред нос.
Но, и покрај тоа во оваа сурова околина научниците досега идентификуваа веќе 48 различни видови на живот. Меѓу нив се наоѓаат многу пауки, водени шкорпии, псеудошкорпион, стоногалки, пијавици и др. Од тие 33 видови се единствени и специфични само за оваа локација.
Повеќето од живите суштество во пештерата се слепи и немаат пигмент, но затоа имаат необично долги екстремитети што им помагаат во движењето низ темнината.
Како овие животни завршиле во пештерата и тука останале изолирани не е познато. Научниците сметаат дека овие животни можеле да дадат важни информации во врска со еволуцијата.
За поврзани вести продолжете надолу