Овој синдром можеби го имате, а не сте свесни

Поставувањето на божикно дрво во домот може да предизика опасност за луѓето кои имаат астма или алергии. Кај нив, неретко се јавува синдромот на божикно дрво, а предизвикан е од мувлата од борот или елката, што несвесно ги вдишуваме за време на празниците.

Алергологот д-р Лоренс Курландски објаснува дека скоро 70 отсто од видовите мувла, најдени на живите стебла, можат да предизвикаат тешки напади на астма, умор, затнување на синусите, јадеж во носот, иритирани очи и болка во синусите.

– Пред да го внесете дрвото во куќата, оставете добро да се исуши – советува д-р Курландски.

Доколку некој во домот е алергичен, би било добро да го отстраните дрвото што е можно побрзо по Божик.

Исто така, важно е секојдневното проветрување на просториите, особено на онаа во која се наоѓа дрвото.

Топлината во домовите е една од причините поради која мувлата на дрвото станува се поопасна. Самите стебла на себе имаат спори од мувла и полен кои ги внесуваат во домот, а топлината ги развива.

Но, покрај свежите дрва и оние вештачките можат да претставуваат проблем бидејќи се полни со прашина или мувла.

Вештачките дрва имаат свои предности и недостатоци. Не треба да ги оставате на таван доколку не се заштитени во пластична обвивка или кутија. Во спротивно, тие 11 месеци собираат прашина, а дополнителен проблем би можел да направи неизолираното поткровје во кое може да дојде до кондензација. Капките вода помешани со прашина може да го поттикнат растот на мувлата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e