Ова се најлошите возачи во зодијакот

Додека некои од возачите одлично се снаоѓаат на патиштата, други се мачат со паркирање и запирање на црвено на семафор и не се баш идеален избор кога некој треба да ве однесе до дома.

Ова се најлошите возачи во Зодијакот:

Овен

Владејачката планета на овој знак е Марс, поради што тие се експлозивни, па не им е потребно многу за да се изнервираат. Тие се тврдоглави и лесно губат контрола, а сакаат и брзо да возат, па поради тоа не ви препорачуваме да се возите со нив.

Бик

Биковите сакаат да се натпреваруваат, па поради тоа чесно знаат да дадат повеќе гас додека возат. Тие се територијални, па тврдоглаво ќе се држат до својата лента, но сепак ќе внимаваат да не дојде до некаква несреќа.

Стрелец

Стрелците се сметаат за многу опасни возачи затоа што тешко е да го задржат своето внимание, па поради тоа погледот честопати им „бега“ од улицата. Нив вниманието може да им го одвлечат многу работи, од мачка до облаци на небото.

Риби

Како и Стрелците, и Рибите тешко остануваат фокусирани на возењето. Тие се многу емоционални, па бурно ќе реагираат на секаква ситница која што ќе им го попречи патот, а тоа може да создаде стрес.

Водолија

Водолиите ги почитуваат сообраќајните правила само кога мораат, но кога знаат дека не гледа никој, тогаш не им е проблем да тргнат и по еднонасочна улица или пак да поминат на црвено светло на семафорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e