Алчноста не се познава само кога некој сака повеќе од тоа што му припаѓа, туку и во тоа дека таквите луѓе обично ги ставаат своите потребни пред останатите. Тие се егоцентрични и ретко размислуваат како нивното однесување ќе влијае на другите, сè додека го добиваат тоа што го сакаат.
А тоа што го сакаат го сакаат веднаш, без разлика на тоа колку веќе имаат.
Еве за кои хороскопски знаци станува збор:
Овен
Сакаат да добијат многу, а за возврат даваат малку. Обожаваат сè што можат да го добијат бесплатно и први ќе бидат во редица ако нешто се подарува.
Јарец
Јарците може да ги замислите како директори на големи фирми кои без проблем ќе си исплатат голем бонус за себе, а потоа на работниците веднаш ќе им кажат дека сега не е времето за зголемување на платите.
Не е дека се многу себични, туку мислат дека заслужуваат повеќе од другите. Вложуваат многу во работата, сакаат добро да ја завршат, но уште повеќе им е убаво кога тоа и финансиски ќе им се исплати.
Лав
Многу се интелигентни и не го кријат тоа. Секогаш ќе најдат дупка во законот за да ги надмудрат другите, без да размислат дека нанесуваат штета некому.
Обично го почитуваат законот, но нема да им биде проблем да отворат сметка во банка во друга држава само за да избегнат плаќање данок.