Ќерката на Трамп не се вика Иванка?!

Ќерката на контроверзниот американски претседател Доналд Трамп и неговата прва сопруга Ивана Трамп отсекогаш во јавноста и во медиумите била нарекувана со името Иванка, но сега се откри дека тоа всушност не е нејзиното вистинско име.

Успешната и згодна Иванка Трамп, која денес работи како советник и десна рака на својот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, на Твитер откри кое е нејзиното вистинско име.

„Моето вистинско име е Ивана. На чешки, Иванка е прекар за Ивана, исто како што Боби е за Роберт“, напиша ќерката на Трамп, која го наследила името од нејзината мајка, првата сопруга на Доналд.

Исто како што нејзиниот постар брат Доналд го добил името по неговиот татко, мајката одлучила второто дете, да го именува по себе.

Убавата Иванка очигледно останала многу приврзана за прекарот, па затоа и така се преставувала, а многумина помислиле дека тоа е нејзиното вистинско име. Покрај тоа, името на нејзиниот дизајнерски бренд е „Иванка Трамп“, па никој не ни помислувал дека тоа всушност ѝ е само изведенка од вистинското име.

Но, можеби таа всушност само сакала да се разликува од нејзината мајка кога ќе се спомне името Ивана Трамп, па место Ивана, за себе си го одбрала Иванка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e