Најстарата црква во швајцарскиот град Луцерн привлече светско внимание со инсталирање вештачка интелигенција со лик на Исус во исповедалницата.
Проектот „Deus in Machina“ е реализиран како експеримент во соработка со локална универзитетска лабораторија за имерзивна реалност. Дигиталниот аватар е способен да води разговори на околу 100 јазици и да одговара во реално време, користејќи ВИ обучена со теолошки текстови.
Поради ограничениот простор и потребата од приватност, свештеникот привремено бил заменет со компјутер, а посетителите поставувале прашања до ВИ-Исус за различни теми.
Од црквата нагласуваат дека станува збор исклучиво за експеримент и дека тоа не претставува вистинска исповед. Верниците биле јасно предупредени да не споделуваат лични податоци и дека разговорите ги водат на сопствен ризик.
