Нема сомнеж дека секоја жена сака да остави убав впечаток кај еден маж, но во ова истражување кое се темели на прикажани фотографии од девојки мажите всушност откриваат што кај нив најмногу им се допаѓа на прв поглед.
За да стигнат до резултатите, научниците на група мажи им покажале фотографии од различни жени, а тие требало да оценат колку девојките им се привлечни.
Ранливите и кревки жени, како на пример оние со понизок раст и слаба фигура на тело, мажите не ги сметале за привлечни.
Од друга страна, психичката ранливост ги навела како посакувани, односно жените кои што се однесуваат детинесто и помалку глупаво, добиле навистина високи оценки.
Жените кои што делувале интелигентно, моќно и полни со самодоверба добиле многу ниски оценки.
Кога научниците ги прашале испитаниците за можноста за сериозна врска со детинестите и помалку интелигентните жени, интересирањето за истите значително опаднало.
Значи, може да се дојде до заклучок дека процентот на моменталната ранливост на жената е клучна за активирање на психолошкиот механизам кај мажот поврзан со привлечноста.