Дали знаете зошто Холанѓаните имаат пари, ама немаат ролетни или завеси на прозорците?!

Иако во денешно време Холанѓаните главно се декларираат како атеисти, некогаш калвинизмот радикално им го сменил начинот на размислување, а токму поради тоа тие денеска сè уште немаат завеси или ролетни на прозорците.

Каква врската има религијата со завесите, можеби се запрашавте.

Калвинизмот е насока на протестантизмот што ги поставил темелите на холандското општество – дисциплина, грижливост и штедливост. И додека католиците веруваат во искупување на гревовите, калвинистите веруваат дека нашата судбина ја предодредил Бог.

Верникот ја докажува својата вера со самоконтрола и економска активност. Секој материјален луксуз е во спротивност со скромноста на калвинистите. Историски гледано, свештенството на врвот секогаш уживало во придобивките и финансиските добивки, но секогаш зад затворени врати, и уште поважно, „затворени“ завеси.

Спротивно на тоа, калвинистичкиот менталитет се фокусирал на „отворени врати“, симолично, но и буквално, затоа што никој нема што да крие и соодветно на тоа прозорците без завеси воопшто.

Денес, зградите во Амстердам се згуснати, а прозорците се поголеми отколку во повеќето европски градови. Една девојка од странство која дошла да живее во Холандија, пишува дека ѝ било непријатно затоа што цело време се чувствувала како да е воајер и открила дека повремено им мавтала на луѓето што ги гледала преку прозорците, но тие не реагирале.

Потоа, во текот на летото таа намерно продефилирала во бикини во својот стан без завеси и се обидела да привлече внимание со „сомнителни активности“, но…

Никој, ниту од улицата, ниту од соседите, ниту еднаш не погледнале кон нејзиниот прозорец или ако некој погледнал било без апсолутно никаква реакција.

Помладите генерации полека оваа традиција не ја практикуваат.

Си-Ен-Ен пишува дека откако се поголем број доселеници пристигале во Холандија во потрага по подобар живот, младите Холанѓани сепак сакале поголема приватност (да, истите тие млади луѓе кои често го споделуваат својот интимен живот на социјалните мрежи), па сега на нивните прозорци започнаа да се гледаат се повеќе завеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e