Во Франција од коронавирус за 24 часа 353 смртни случаи

Според здравствениот билтен на француските здравствени власти во последните 24 часа се регистрирани нови 353 смртни случаи, јави дописникот на МИА.

Од почетокот на епидемијата Франција брои 93.790 потврдени случаи на заразени со Ковид-19 (3114 повеќе од вчера), а епидемијата ја предизвика смртта на 13.832 лица од 1 март, односно 353 нови смртни случаи во последните 24 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e