Рускиот претседател Владимир Путин порача на самитот на Шангајската организација за соработка дека антитерористичките напори се приоритет на оваа регионална група на чело со Москва и Пекинг.
Во обраќањето во кинескиот град Џингдао, Владимир Путин изјави дека новиот договор кој е усвоен, подразбира планови за заеднички антитерористички напори во наредните три години.
Путин наведе дека новиот договор за антитероризам предвидува заеднички воени вежби, размена на информации и спроведување координирани антитерористичи акции.
Инаку, дел од Шангајската организација се Кина, Казакстан, Киргистан, Русија, Таџикистан, Узбекистан, Индија и Пакистан.